Дома Топ вести Барселона има план Б, ако не успее со Халанд

Барселона има план Б, ако не успее со Халанд

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта прави се што е во негова моќ за да го донесе Ерлинг Халанд на „Камп Ноу“.

Евентуален трансфер на Норвежанецот ќе има големо влијание не само на спортски план, но и во однос на позицијата на клубот надвор од теренот. Поради тоа Каталонците на овој трансфер гледаат како стратешки потег и покрај финансиските проблеми.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, конкуренцијата за Халанд е огромна, бидејќи силен интерес за него покажувата уште Реал Мадрид, ПСЖ и Сити.

Доколку не успее да го доведе Халанд, Барселона ќе се насочи само кон засилување на одбраната и средниот ред. Каталонски „Спорт“ пренесува дека главните финансиски средства во тој случај ќе бидат насочени кон Жил Кунде од Севиља.

Што се однесува до нападот, како алтернатива за Халанд би можел да биде доведен Александар Исак од Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…