Каталонскиот спорт имаше интервју со Адис Јунузовиќ еден од најдобрите пријатели на Миралејм Пјаниќ и човек кој долги години го следи босанскиот репрезентативец.
Тој со новинарите на „Спорт“ разговараше на разни теми, а секако една од нив беше Барселона. Пјаниќ во претходните денови на големо се поврзува со Каталонците, а изјавата на Јунузовиќ ќе биде причина за дополнителни шпекулации.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не би требало ова да ви го кажам, но Барселона секогаш беше сон за Пјаниќ. Не пропушта ниту еден натпревар на Барселона, секако кога нема обврски. Тој е заљубен во стилот на игра и филозофијата на клубот. Не е точно дека секогаш го сакал Реал Мадрид како што се зборуваше. Да, како фудбалер го сакаше Зидан и веројатно од таму произлегуваа тие приказни. Мире ја сака ДНК-та на Барса во тоа нема никакви сомнежи“, изјави Јунузовиќ.
Јувентус и Барселона веќе некое време преговараат за Пјаниќ меѓутоа засега договор помеѓу двата клуба нема.