Дома Фудбал Барселона добива нова финансиска инјекција од 330 милиони

Барселона добива нова финансиска инјекција од 330 милиони

Каталонскиот клуб Барселона е на добар пат да добие нова финансиска инјекција од 330 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Откако неодамна клубот добива 207 милиони евра со продажбата на 10% од телевизиските права за следните 10 години, сега е на пат да комплетира уште една зделка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега каталонскиот клуб ќе продаде 49% од сестринската компанија „БЛМ“, која се занимава со марчендајзинг на клубот и ќе добие 330 милиони евра.

Со овие средства клубот ќе може финансиски да се рехабилитира и да биде активен на трансфер пазарот.

Медиумите очекуваат дека после трансферот на Рафиња, Барселона сега да тргне во финализирање на трансферот на Левандовски, а не е исклучено пристигнување на уште една ѕвезда како Кунде или Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…