Дома Трансфер зона Барселона го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Барселона го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Лук Шоу е новата трансфер цел на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чави сака да ја засили левата бековска позиција и да доведе наследник на Жорди Алба, а прва желба е токму 27-годишниот Англичанец.

Лук Шоу игра одлична сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ и се претстави добро и на Мундијалот.

Договорот на Шоу со англискиот гигант истекува на крајот на сезоната, но Манчестер Јунајтед има опција за продолжување на уште една година.

Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент и ќе испратат понуда на лето за да го доведат на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…