Дома Фудбал Барселона во последните две децении има повеќе победи отколку порази во Мадрид

Барселона во последните две децении има повеќе победи отколку порази во Мадрид

Утре од 21:00 часот се игра вториот натпревар од полуфиналето во шпанскиот куп помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Првиот натпревар помеѓу Каталонците и Мадриѓаните заврши 1:1 на „Камп Ноу“, така што Барса утре мора да постигне барем еден гол ако сака да си оди во финалето од купот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ако можеме да судиме според статистиката, Барселона има поголеми шанси за победа утре. Во првите две децении од 21. век, Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ загуби само осум пати, шест натпревари завршија нерешено, а Каталонците славеа дури 11 пати.

Што се однесува на нерешените натпревари, ниту еден не заврши без гол, така да утре и Реал ќе мора да постигне гол доколку сака да се пласира во финалето.

Сепак, откако Валверде седна на клупата на Барса, споменатиот стадион го посети два пати и запиша една победа и еден пораз. Загуби 2:0 во Суперкупот, а успеа да слави во 2017. година со 3:0. Тогаш Каталонците практично ја обезбедија титулата, бидејќи имаа предност од дури 14 бода пред Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тео Хернандес суспендиран на два меча

Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандес доби суспензија од два натпревари откако доби црвен к…