Aко му веруваме на каталонски „Спорт“, Барселона во понеделникот во Лисабон го договорила трансферот на 21 годишниот српски напаѓач од редовите на Ајнтрахт, Лука Јовиќ.
Репрезентативецот на Србија игра одлично оваа сезона во Бундес лигата и го стекна епитетот еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа. Барселона бара замена за Луис Суарез кој има 32 години, а Јовиќ го гледаат како играч за иднината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србија во понеделникот гостуваше во Лисабон каде што играше против Португалија.
Поретставници на Барселона помеѓу кои бил и Ерик Абидал го следеле овој натпревар, но не и Јовиќ затоа што напаѓачот цел натпревар го преседе на клупата за резерви. Шпанските медиуми неколку дена пред тој натпревар пишуваа дека тоа би можел да биде натпреварот кој може да биде клучен за управата на каталонскиот гигант да одлучи да го купи Јовиќ.
Јавноста во Србија е разочарана од одлуката Крстајиќ да го остави Јовиќ на клупата, но „Спорт“ сепак пишува дека таа вечер имало преговори на кој бил договорен трансферот на Јовиќ кој би требало да се случи на лето. Имено, Јовиќ се уште е играч на Бенфика во Ајнтрахт настапува како позајмен фудбалер.
„Спорт“ не објавува бројки, но за очекување е Барселона да плати најмалку сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Ќе потсетиме вчера некои медиуми пишуваа дека Баерн влегол во трката за Јовиќ и веќе испратил понуда на адреса на Ајнтрахт во износ од 56 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=OFwVmycSwSA&t=3s