Дома Фудбал Барселона атакува на силниот тандем од Серија А

Барселона атакува на силниот тандем од Серија А

Среде сезона, скаутите си ја работат својата работа, а Барселона испрати неколку понуди во Серија А каде веруваат дека постојат доста талентирани фудбалери.

Меѓу оние кои скаутите ги следат се фудбалерите на Интер и Наполи, Милан Скриниар и Калида Кулибали.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Техничкиот директор, Роберт Фернандез верува дека овој тандем би бил големо засилување за екипата на Барселона во иднина, можеби веќе од следното лето.

Кулибаи беше мета на Челзи, како и Манчестер Сити и Арсенал, додека Скриниар оваа сезона го промени клубот и од Сампдорија премина во Интер.

Скриниар е фантастично засилување на Интер, веќе постигна два погодоци иако е дефанзивец.

Инаку тука приказната не завршува, Барселона го посакува и фудбалерот на Лајпциг, Дајо Упамекан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…