Дома Фудбал Барса ја понуди десетката на Меси, играчот размислува дали да ја прифати

Барса ја понуди десетката на Меси, играчот размислува дали да ја прифати

Барселона одлучи на кој играч да му го понуди дресот со број 10, на истиот тој кој со години беше во лоши односи со Меси. Мундо Депортиво пишува дека веројатно ќе ја земе Кутињо.

Откако Лео Меси замина во ПСЖ десетката остана без сопственик, но нема да биде за долго доколку Кутињо, за кој се тврди дека ќе остане во Барса, ја прифати понудата.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Во клубот се надеваат дека Кутињо ќе стане еден од клучните играчи во тимот, а тоа го докажува и нудењето на бројот 10.

Кутињо во Барселона пристигна од Ливерпул во 2018. година во трансфер вреден 135 милиони евра, а откако не успеа да се избори за своето место во тимот беше испратен на позајмица во Баерн со кој во сезона 2019/20 ја освои тројната круна.

За Барселона одигра 90 натпревари, постигна 23 погодоци и запиша 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити може да ја искористи ситуацијата на Донарума во ПСЖ

Од Манчестер Сити веќе воспоставиле контакт со Пари Сен Жермен за можноста за привлекување…