Дома Фудбал Барса со најлош старт во Ла Лига, на три бода од зоната за испаѓање

Барса со најлош старт во Ла Лига, на три бода од зоната за испаѓање

Барселона со синоќешниот пораз од Кадиз го потврди најлошиот старт на една сезона во Примера од 1987/88 година, кога имаа само 13 поени по 10 натпревари, во однос на 14-те кои ги имаат освоено оваа сезона.

Барселона сега заостанува 12 бода зад Атлетико Мадрид, и е на само три бода од зоната за испаѓање, во несфатлив пад на формата на тимот на Роналд Куман.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Барселона под водство на Куман загубила четири од последните седум натпревари во Ла Лига, а како споредба Сетиен имаше само три порази во 20-те лигашки натпревари, колку што беше на кормилото на Барса.

„Навистина многу сум разочаран, имавме лош пристап и однос на теренот кога ја немавме топката во наши нозе. Тешко е да се објасни ваков пораз, особено кога планиравме да имаме убав крај на неделата. Први примивме гол и нашата реакција не беше добра. Потоа загубивме поради една неверојатна грешка која тешко е да се објасни“, вели Куман.

„Ова е голем чекор назад. Ако не го поправиме нашиот однос на теренот и да ги запреме постојаните падови од одредени моменти на натпревари, не можеме да се надеваме на ништо“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство по…