Барселона вчера го изненади фудбалскиот свет кога го комплетираше тарнсферот на Боатенг од Сасуоло, но во иднина може да има уште еден трансфер на оваа релација.
Имено, од Сасуоло денес потврдија дека Каталонците се силно заинтересирани за 23-годишниот играч за врска Стефано Сенси.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сенси игра одлична сезона, заработи и повик во италијанската репрезентација и го привлече вниманието на неколку европски гиганти.
Најсилен интерес за играчот покажува Милан, кој започна преговори со Сасуоло, но понудата на „росонерите“ не ги задоволи апетитите на „зелено-црните“.
Останува да видиме дали Барселона го сака Сенси во зимскиот преоден рок или ќе го одложи трансферот за следното лето.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!