Дома Трансфер зона Барса носи големо засилување од Ајакс бесплатно

Барса носи големо засилување од Ајакс бесплатно

Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона е силно заинтересиранa за играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи.

Овој 24 годишен десен бек оваа сезона блеска во дресот на Ајакс па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Барселона сака да го донесе без обештетување на „Камп Ноу“.

„Спорт“ пренесува дека Барселона стапила во контакт со неговиот агент и започнала преговори со Мароканецот.

Чави сака да ја засили десната бековска позиција и верува дека Мазрауи одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Барселона е многу внимателна со играчите кои ќе бидат слободни агенти на лето, па преговара уште со Кристенсен и Кеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…