Иднината на Давид Алаба во Баерн Минхен е несигурна бидејќи договорот на играчот ситекува во 2021 година.
Алаба на лето ќе влезе во последната година од договорот, а се уште нема најави за негово продолжување, па би можел да ја промени средината ова лето.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Алаба и самиот призна дека би можел да го напушти Баерн, а медиумите најсилно го поврзуваат со трансфер во Барселона и Реал Мадрид.
Од Барселона имале неколку средби со агентот на Алаба, но зделката е тешка за реализација бидејќи Австриецот бара 10 милиони евра по сезона, плата која Каталонците не можат да си ја дозволат во моментов.
Германските медиуми пренесуваат дека Алаба може да заврши во Манчестер Сити како дел од трансферот на Лерој Сане и повторно да соработува со Гвардиола.