Ханси Флик ќе може да смета на Дани Олмо на утрешното гостување кај Рајо Ваљекано, откако Барселона најде начин како да го регистрира фудбалерот.
„Каталонците“ изминативе денови се ослободија од неколку играчи, Мика Фаје беше продаден на Рен, а Ленгле и Витор Роке испратени на позајмица во Атлетико Мадрид, односно Бетис.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, поради големите финансиски проблеми Барселона никако не можеше да го регистрира големото летно засилување.
Дефанзивецот Кристенсен ќе биде пријавен како долгорочна повреда, па со тоа ќе се отвори простор за Дани Олмо привремено да биде регистриран до крајот на годината.