Дома Трансфер зона Барса и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Ајакс!

Барса и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Ајакс!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Ајакс, Давинсон Санчез, но плановите може да му ги расипе Барселона.

Новиот тренер на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети сака направи реконструкција во одбраната, па покрај Рудигер го сака и Санчез кој оваа сезона „експлодираше“ во дресот на Ајакс.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


20-годишниот колумбиски репрезентативец важи за еден од најталентираните стопери во светот, па на Интер нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата.

Особено силен интерес за дефанзивецот покажува Барселона која е спремна да издвои дури 45 милиони евра за Колумбиецот.

Ајакс нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и бара 50 милиони евра за неговата слобода, па останува да видиме дали некој клуб ќе се согласи да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид купува бек во јануари

Реал Мадрид покажува силен интерес за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и португалски реп…