Дома Фудбал Лига на шампиони Барса е фаворит, но поради овој неверојатен податок Челзи верува дека може да ја елиминира!

Барса е фаворит, но поради овој неверојатен податок Челзи верува дека може да ја елиминира!

mesi

Toпчињата на денешната ждрепка одлучија во осминафиналето од Лигата на шампионите да се сретнат, екипите на Челзи и Барселона. Очекувано, Катлонците се сметаат за фаворити, но поради еден податок во таборот на „сините“ веруваат би можеле да ја елиминираат Барселона.

Аргентинскиот фудбалски мајстор Лионел Меси во дресот на Барселона освои 29 трофеи и уште триесетина други награди. Но, може ли еден од најдобрите фудбалери на сите времиња конечно да постигне гол во натпреварите против Челзи?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меси до сега против Челзи играл осум пати и ниту еднаш не успеал да постигне погодок. Не е дека не се обидувал, во тие осум натпревари Аргентинецот упатил 29 удари кон голот на англискиот клуб. За Меси ова сигурно е најлошиот учинок во кариерата против еден клуб.

Откако во 2004 година дебитираше во сениорскиот тим на Барселона, Меси на 397 натпревари постигна 363 погодоци. Против англискиот клубови Меси постигна 17 погодоци на 16 одиграни натпревари, па поради ова постот против клубот од „Стенфорд Бриџ“ звучи уште по неверојатно.

Барселона и Челзи во нокаут фазата од Лигата на шампионите се сретнале пет пати од кои Барса три пати обезбеди пласман во следната фаза, а Челзи два пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…