Фудбалскиот клуб Барселона не сака да остане без еден од своите капитени.
Според извори од Германија, Баерн Минхен е подготвен да понуди 70 милиони евра за Роналд Араухо, но Каталонците веќе кажаа дека Уругваецот не е на продажба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Томас Тухел лично му се јавил на Араухо за да му го претстави проектот на Баерн со него во центарот на одбраната, но Уругваецот изјави дека размислува само за Барселона.
Се очекува Баерн Минхен на лето да започне нова иницијатива за Араухо, но иако Барса сака да продаде еден од дефанзивците, тоа ќе биде Андреас Кристенсен кој ја загуби стартната позиција, а Чави се повеќе му верува на Ињиго Мартинез.
Баерн зимава ќе мора да се сврти кон друга алтернатива, а Ерик Дајер е првата опција.