Вчера со дербито помеѓу Валенсија и Барселона на „Месталја“ беше комплетирано осмото коло во Ла Лига.
Натпреварот заврши без победник 1:1. Поведе Валенсија уште во 2-та минута преку Гарај, но Меси ги врати работите на почетокот во 23-тата минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона така ја продолжи негативната низа во домашното првенство каде што веќе четири натпревари не знае за победа, но навивачите на Каталонците имаат барем една причина да бидат задоволни.
Имено, во натпреварот против Валенсија повторно одлични одигра Артур Мело кој имаше 142 додавања од кои 135 беа точни. Тоа не му успеало на ниту еден играч на гостински натпревар во Ла Лига уште од Чави Хернандез.
Легендарниот играч за врска на Барселона направи 148 додавања во 2012 во истиот град како и Артур, само што тогаш Барселона играше против Леванте.
1 – Arthur Melo attempted 142 passes against Valencia (135 successfully), the most by a player in a La Liga game this season. Confidence. pic.twitter.com/Kb8UXvT4to
— OptaJose (@OptaJose) October 7, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=xKjPn1AbiOw