Дома Трансфер зона Барса бара напаѓач: На списокот Стуаини и Жиру!

Барса бара напаѓач: На списокот Стуаини и Жиру!

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона бара напаѓач во зимскиот преоден рок и го објавија списокот на имиња за кои е заинтересирана Барселона.

Тренерот Валверде го известил раководството дека му е потребна нова „деветка“ после заминувањето на Мунир во Севиља. Прво име на списокот на Каталонците Кристиан Стуаини, кој игра одлична сезона во Џирона.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Стуани е трет најдобар стрелец во првенството после Меси и Суарез па сигурно би бил големо засилување за Барселона во вториот дел од сезоната.

Втор на листата желби е напаѓачот на Челзи Оливие Жиру, кој има договор со „сините“ до крајот на сезоната, па тој трансфер сигурно би бил полесен за реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…