Дома Фудбал Италија Барела добива богат договор и капитенската лента во Интер

Барела добива богат договор и капитенската лента во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори за продолжување на соработката со Николо Барела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барела е еден од најдобрите играчи на Интер и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Тој го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Интер сака по секоја цена да го задржи на „Џузепе Меаца“.

Неговиот договор истекува во 2024 година, но Интер сака да го награди со подобар договор и му ја ветил капитенската лента од следната година.

Медиумите откриваат дека Интер му понудил 5-годишен договор и плата од 5 милиони евра по сезона, плус од следната сезона да биде нов капитен на тимот.

Барела е среќен во Интер и се очекува двете страни брзо да најдат заеднички јазик околу новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…