Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Челзи и српски репрезентативец, Бане Ивановиќ кариерата ќе ја продолжи во Евертон.
Ивановиќ има уште шест месеци од договорот со Челзи, а неговото заминување е извесно бидејќи сезонава речиси и да не добива шанса од менаџерот Антонио Конте.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
32-годишниот дефанзивец во Челзи пристигна во 2008 година, а со „сините“ успеа да ја освои Лигата на шампионите и Лига Европа. Сепак тој оваа сезона е во втор план кај менаџерот Конте, кој во дефанзивната тројка ги форсира Аспиликуета, Давид Луиз и Кејхил.
Капитенот на српската репрезентација има договор со Челзи до јуни оваа година и извесно е дека ќе го напушти клубот.
Менаџерто на „карамелите“ Роналд Куман изрази сериозна желба до крајот на преодниот рок да го донесе Ивановиќ, кој треба да го пополни местото во дефанзивниот ред бидејќи од клубот ќе замине Фил Џагелка кој кариерата ќе ја продолжи во Сандерленд.