Во овој период критики за репрезентацијата на Германија пристигнуваат од разни страни, а помеѓу критичарите е и легендарниот германски фудбалер Михаел Балак.
„Секогаш сме имале проблеми когаи граме против ментално силни репрезентации и репрезентации кои се силни во дуелите еден на еден. Ние имаме играчи кои поседуваат такви карактеристики, но очигледно не доволно. Имаме голем број играчи кои не научија да бидат флексибилни во текот на натпреварите“, изјави Балак.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Репрезентацијата на Германија во осминафиналето ќе игра против Англија, а за овој натпревар поради ковид мерките германските навивачи нема да можат да патуваат на „Вембли“.
Натпреварот се игра во вторник од 18:00 часот.