Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур.
Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“.
Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка.
Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.
Наводно Салихамиџиќ веќе остварил контакт со Јувентус и започнал преговори со раководството на „старата дама“ со кого има одлични односи.