Дома Топ вести Баерн спремен да продаде четири ѕвезди, но НЕ Левандовски

Баерн спремен да продаде четири ѕвезди, но НЕ Левандовски

Веќе одамна беше познато дека Роберт Левандосвки сака да го напушти Баерн Минхен, а вчера тоа јавно го потврди неговиот агент Пини Захави.

Меѓутоа, германските медиуми пренесуваат дека раководството на Баерн Минхен е сепак одлучно во намерата да не го продава полскиот репрезентативец.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Челниците на баварскиот клуб се спремни на се за да го задржат Левандовски, па дури и да му понудат нов, побогат договор.

Меѓутоа, „Билд“ најавува дека во тимот ќе има мала реконструкција ова лето и дека четири ѕвезди се на излезна врата од „Алијанц Арена“.

Именом, доколку пристигнат адекватни понуди клубот е спремен да го продаде Артуро Видал, Тиаго Алкантара, Жером Боатенг и Хуан Бернат.

Баерн сигурно нема да има проблем да најде „муштерии“, со оглед на фактот што овие фудбалери се на радарот на најголемите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…