Договорот на Роберт Левандовски со Баерн Минехн истекува во јуни 2023 година, а бидејќи се уште не му е понуден нов, почнаа гласините дека ќе го напушти клубот.
Според германските медиуми, Баерн му нудат нов договор со исти финансиски услови како до сега, односно 24 милиони евра по сезона, со што Левандовски не е задоволен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кикер“, објави дека понудата на Баерн е конечна, клубот нема да оди преку оваа сума, па во Баерн размислуваат да го продадат напаѓачот во летниот преоден рок.
Германскиот шампион ќе се согласи на заминување на својата најголема ѕвезда само доколку клубот добие понуда од најмалку 40 милиони евра, а најсилен интерес за Полјакот покажува Барселона.