Раководството на Баерн Минхен е отворено за идејата клубот да го продаде Роберт Левандовски ова лето, тврди „Билд“.
Според весникот, раководството на Баерн и соиграчите забележале дека Полјакот е нервозен и расеан во последните неколку недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во раководството го поставуваат прашањето дали има смисла да го задржуваат 33-годишниот голгетер против своја волја на „Алијанц Арена“.
Како што е познато договорот на Левандовски истекува следната година, но напаѓачот не сака да ја продолжи соработката со Баварците.
Најсилен интерес за него покажува Барселона, а медиумите тврдат дека и самиот напаѓач е отворен за преселба на „Камп Ноу“.
„Билд“ пренесува дека во Баерн сметаат дека продажбата добро би се одразила на клубот бидејќи ќе се отвори простор за доаѓање на нов врвен напаѓач, притоа ќе заработат на неговото заминување.
Според „Билд“, Баварците се спремни да го продадат ветеранот за сума од 35-40 милиони евра, која Барселона е спремна да ја плати.
Bayern are starting to soften their stance regarding a possible Lewandowski sale this summer. The club's bosses & Lewandowski's teammates have noticed how annoyed the Pole has been in recent weeks. Many are wondering whether it makes sense to keep him against his will [@BILD] pic.twitter.com/kCiM6WYg0s
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 12, 2022