Дома Трансфер зона Баерн сака да го продаде Видал, но тој сака само во еден клуб!

Баерн сака да го продаде Видал, но тој сака само во еден клуб!

vidal

Веќе е познато дека Баерн сака да се ослободи од Чилеанецот и по можност да заработи од неговиот трансфер.

Видал има доста проблеми со однесувањето, а дури беше и на суд во Германија поради инцидентот во една дискотека. Видал ја повикува управата на Баерн да го продаде само во еден клуб. Тој не се откажува, сака дома, во Јувентус. Чилеанецот ги поздрави повиците на навивачите на Јувентус да се врати, а неговиот агент ги убедува луѓето од Јувентус да го купат од Баерн.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


За сега нема најава дека Јуве ќе го стори тоа, причините се главно проблемите со Чилеанецот надвор од теренот, но и цената, околу 40 милиони евра. Неговиот договор истекува следната година, а за него, покрај Јуве, заинтересиран е и Наполи, но тој не крие дека сака да се врати во Јувентус.

Марота наводно разговараше со Киелини и Барзаљи да го слушне нивното мислење за враќањето на Видал и дали соблекувалната може да го држи под контрола, но изгледа дека Јувентус не е подготвен да ризикува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …