Дома Фудбал Баерн остана без двајца важни играчи за реваншот со Арсенал во Лигата на шампионите

Баерн остана без двајца важни играчи за реваншот со Арсенал во Лигата на шампионите

Минхенски Баерн и официјално соопшти дека неговиот играч Серж Гнабри ја повредил тетивата во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите на гостувањето кај Арсенал во Лондон. Првиот натпревар заврши без победник 2:2, а Гнабри во 18. минута погоди за 1:1.

Гнабри беше стрелец и на последниот првенствен натпревар, кога Баерн беше изненадувачки поразен со 2:3 кај Хајденхајм.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Баерн не објави колку долго ќе отсуствува 28-годишниот Гнабри, но германските медиуми објавија дека се очекува да биде надвор од терените три недели, што значи дека нема да биде подготвен за реваншот на Алијанц Арената.

Ова не е единствениот проблем за Баерн пред реваншот против Арсенал, бидејќи на тој натпревар нема да може да игра ниту Алфонсо Дејвис, поради жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати двојките во полуфиналето на ФА купот – кој ќе го освои пехарот?

Фудбалерите на Манчестер сити ќе играат во полуфиналето на ФА купот против Саутемптон, как…