Дома Трансфер зона Баерн најде замена за Левандовски и ги ИЗНЕНАДИ сите

Баерн најде замена за Левандовски и ги ИЗНЕНАДИ сите

Германскиот шампион Баерн Минхен во зимскиот преоден рок би можел да го доведе напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру, тврдат германските медиуми.

Раководството на Баварците е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде адекватна замена за Левандовски, а во францускиот репрезентативец гледаат идеално решение.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Левандовски од почетокот на сезоната играше на 17 од 18 натпревари и се пожали дека е уморен и дека Баерн мора да донесе негова замена.

„За мене ќе биде многу полесно ако имам замена и ако играм 15 до 20 минути помалку на натпревар“, изјави Левандовски.

Медиумите во Германија лецитираа со неколку имиња на напаѓачи, но наводно Оливие Жиру е најголема желба на баварскиот гигант.

Жиру не е стандарден првотимец во Арсенал и е спремен да се пресели во Минхен, а голема предност за Баерн е што Французинот може да настапува и во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Флик

Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, прен…