Баерн Минхен најверојатно во јануари ќе ја прекине соработката со францускиот фудбалер Мајкл Куисанс.
22-годишниот фудбалер е отпишан од тренерот Јулијан Нагелсман поради неговиот однос кон клубот, соиграчите и тренинзите.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Билд“ пренесува дека играчот од средниот ред не сака да тренира бидејќи смета дека е премногу добар за да седне на клупата на Баерн.
Тој ги повредил соиграчите Марсел Сабицер и Свен Улрајх на последните тренинзи, па тренерот Нагелсман имал специјални разговори со него.
Било договорено Куанс да го напушти Баерн во јануари. Германскиот шампион ќе се обиде да го продаде. Во случај никој да не понуди пари за Французинот, Баерн ќе го раскине договорот еднострано.
The moment Sven Ulreich got injured today. Mickaël Cuisance slipped and hit Ulreich to his knee. The extent of injury is unknown [📸 Bild] pic.twitter.com/3GvVXl5qE1
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) September 20, 2021