Дома Трансфер зона Баерн Минхен повторно тргнува по Ходсон Одој

Баерн Минхен повторно тргнува по Ходсон Одој

Европскиот шампион Баерн Минхен го обнови интересот за талентот на Челзи, Калум Ходсон-Одој, пренесува „Скај Спорт“.

Баварците испратија неколку понуди за 19-годишниот крилен фудбалер уште во јануари, а последната понуда беше 35 милиони фунти.

Меѓутоа, Челзи ги одби сите понуди и успеа да го убеди младиот фудбалер да стави потпис на нов долгорочен договор.

Челзи значително се засили во летниот преоден рок, па јасно е дека нема да има голема минутажа оваа сезона, а тоа сака да го искористи Баерн Минхен.

Баварците во наредните денови се спремни да испратат понуда од 40 милиони евра, а интерес за Англичанецот покажуваат уште Лајпциг и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ѕвездата од Серија А се сели кај Алиоски

Ѕвездата на Удинезе и аргентински репрезентативец, Родриго де Паул е блиску до трансфер во…