Баерн Минхен официјално потврди дека Тиаго Алкантара стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон Баварците до 2021 година.
Со ова Алкантара стави крај на сите шпекулации дека може да ја напушти „Алијанц Арената“ на крајот на сезоната.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во 2013 година Баерн го купи Тиаго од Барселона за 25 милиони евра, со што ја искористија клаузулата во неговиот договор. Од тогаш Шпанецот е незаменлив дел од тимот и вистински архитект на играта на Баварците.
„Јас и мојата фамилија сме многу среќни во Минхен. Се се одвива добро тука, и во иднина сакам да освојувам уште многу трофеи со Баерн“, изјави Алкантара.