Баерн Минхен ги презеде првите конкретни чекори за привлекување на ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез, пренесуваат германските медиуми.
Добро информираниот „Билд“ пренесува дека претставници на баварскиот клуб веќе започнале преговори со агентот на Чилеанецот, Фернандо Фелисевич. Баерн има исклучително добри односи со овој агент со оглед на фактот дека тој е човекот кој го донесе Артуро Видал на „Алијанц Арена“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
28-годишниот Санчез има договор со Арсенал на уште една сезона, но со оглед на фактот дека не сака да го продолжи најверојатно ќе биде продаден ова лето.
За него интерес покажуваат уште Челзи, Манчестер Сити и ПСЖ, но „топџиите“ не сакаат да го продадат на конкурент од Премиер лигата, па поради тоа Баерн е во пол позиција за неговиот потпис.