И покрај големите шпекулации за иднината на Хамес Родригез, се чини дека Колумбиецот ќе остане во Баерн Минхен.
Хамес е на позајмива во Минхен од Реал Мадрид, а Баватците на крајот на сезоната ќе имаат шанса да го откупат неговиот договор за 42 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните неколку месеци се говореше дека двете страни нема да ја продолжат соработката, но претседателот на Баварците, Румениге тврди дека клубот сигурно ќе го откупи Колумбиецот.
„Имаме време до 15-ти јуни да ја активираме клаузулата. Сигурен сум дека Хамес ќе остане во Баерн. Сакам да биде јасно, сите во клубот се радуваат што играчот е тука. Хамес е вистинска ѕвезда во фудбалскиот свет. Нема проблеми помеѓу него и тренерот Нико Ковач“, изјави Румениге.
Хамес пристигна во Минхен во 2017 година,а оваа сезона има само 15 настапи во Бундеслигата на кои постигна 3 гола.
За Колумбиецот постои огромен интерес од европските гиганти, па неговата цена во моментов изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Поради тоа не е јасно дали Баерн ќе го откупи за да го задржи на „Алијанц Арена“ или да го препродаде на трет клуб, со што би заработил поприлично добра сума.
KHR on James: "I'm confident that he will be a Bayern player next season. Everyone is happy with him. I'm a fan of him. He has an incredible left foot and is an absolute world star. I'm sure Niko sees his qualities and is happy with him. I don't think they had a problem" [AZ] pic.twitter.com/qepn6FQLWg
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 8, 2019