И покрај шпекулациите дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за бекот на Штутгарт, Бенџамин Бавар сепак Баварците го демантираат тоа.
Претседателот на Баварците, Карл-Хајнц Румениге категорично потврди дека францускиот репрезентативец нема да пристигне на „Алијанц Арената“, дури и ако замине Жерон Боатенг.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Немаме потреба од Павар бидејќи ги имаме Хумелс и Шуле, а исто така во одбрана можат да играат Мартинес и Алаба. Притоа, на таа позиција имаме двајца младинци кои се покажаа многу добро. Имаме доволно квалитетни фудбалери и немаме потреба од Павар“, изјави Румениге.
Павар блесна на Светското првенство и медиумите тврдеа дека веќе се договорил со Баварците, а „Билд“ пренесува дека и покрај негирањата од страна на Баерн, трансферот ќе се реализира следното лето.