Баерн Минхен има одлична соработка со Барселона, па после трансферот на Филипе Кутињо во јануари Баварците можат да купат уште една ѕвезда од „Камп Ноу“.
Имено по повредата на Никлас Суле, Баерн Минхен е во потрага по централен дефанзивец бидејќи имаат дефицит на таа позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат германските медиуми Баерн е заинтересиран во своите редови да го донесе францускиот репрезентативец од Барселона, Самуел Умтити кој не добива голема минутажа од Ернесто Валверде.
Умтити поголем дел од минатата сезона ја пропушти поради повреда, па го загуби местото во стартниот тим. Поради тоа Барселона е спремна да го продаде доколку пристигне примамлива понуда.