Дома Фудбал Лига на шампиони Ајнтрахт направи „чудо“, Тотенхем се спаси 🎥

Ајнтрахт направи „чудо“, Тотенхем се спаси 🎥

Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт патуваат во осминафиналето после вистинска драма во групата Д.

Ајнтрахт направи вистинско „чудо“ и со пресврт славеше над Спортинг Лисабон во дирекниот дуел. Домаќините имаа водство на полувреме и во тој момент беа првопласирани во групата, во германскиот клуб направи пресврт во второто полувреме (1:2) и стигна до второто место во групата.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Тотенхем се спаси во Франција, го победи Марсеј во последната минута и се избори за пласман во нокаут фазата. Марсеј имаше водство на полувреме, но Ленгле донесе израмнување. Во последните минути Колошинац промаши чиста шанса, а Хојберг казни во 95-та минута со гол за победа и прво место во групата.

Баерн Минхен со 2:0 го победи Интер во дербито на „Алијац Арена“, а со идентичен резултат славеше и Ливерпул над Наполи.

Барселона во меч без резултатско значење славеше на гости кај Викторија Плзен со 2:4, а Ајакс се погрижи за Ренџерс да заврши без освоен бод и победи со 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти го одбил Бразил поради понуда од 50 милиони евра по сезона!?

Карло Анчелоти беше на чекор до преземање на бразилската репрезентација, но договорот проп…