Дома Фудбал Лига на шампиони Атомски фудбал, мрежите мируваат?

Атомски фудбал, мрежите мируваат?

Нема голови во првото полувреме во големото финале, но Баерн и ПСЖ ги оправдаа очекувањата со брз, динамичен и атрактивен фудбал.

Баварците подобро го отворија мечот со висок пресинг одзедоа неколку топки, но не успее да создадат зрела шанса. Првата чиста шанса ја видовме на другата страна, кога Нејмар не успеа да го совлада Ноер од чиста позиција.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тоа како да го разбуди Баерн, па само неколку минути подоцна Левандовски одлично прими топка во казнетиот простор и ја погоди стативата. Во 35-та минута Полјакот имаше уште една добра шанса, но одлично реагираше Кејлор Навас.

Најзрелата шанса се случи на две минути пред крајот на полувремето кога Алаба му подари топка на Ди Марија, овој го проигра Мбапе, кој млако биеше по средината од голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Марко Верати има нов клуб

Италијанскиот фудбалер Марко Верати по две години во Ал-Араби станува нов член на Ал-Духаи…