
Атлетико Мадрид е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот на Марио Геце, пренесува „Билд“.
Како што е познато, 28-годишниот Германец ова лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд како слободен агент и за неговиот потпис интерес покажуваат неколку европски гиганти.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Најсилен интерес до сега за него покажуваа неколку клуба од Серија А, пред се Милан и Лацио, а Геце би можел да остане во Бундеслигата бидејќи е посакуван од Херта.
Сега во трката за неговиот потпис се пприклучија и „јорганџиите“, кои се спремни да му понудат договор од 2 милиони евра по сезона.
Во меѓувреме „Билд“ известува дека Геце веќе го одиграл последниот натпревар за Борусија Дортмунд и нема да биде во протоколот за последното 34-то коло од Бундеслигата.