Атлетико Мадрид и Барселона на лето ќе водат голема битка за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.
Португалскиот напаѓач игра фантастична сезона во Бундес лигата и на 27 меча има постигнато 23 гола и 7 асистенции.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Андре Силва е еден од најдобрите стрелци во Европа во моментов, па шпанските гиганти сакаат да го доведат на лето.
„Билд“ пренесува дека „јорганџиите“ го сакале Португалецот уште во зимскиот преоден рок, но Ајнтрахт не сакал да се откаже од својата ѕвезда.
Сега во трката се приклучи и Барселона, која има потешкотии да дојде до потписот на Халанд, па Силва ќе биде поефтина опција.
Ајнтрахт за слободата на напаѓачот бара 40 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат.