Дома Топ вести Аталанта ја прифати понудата на Јувентус за Копмајнерс, но само под еден услов

Аталанта ја прифати понудата на Јувентус за Копмајнерс, но само под еден услов

Аталанта одлучила да го пушти Теун Копмајнерс во Јувентус за 55 милиони евра, но само под еден услов.

Условот е фудбалерот да игра на Супер Куп дуелот против Реал Мадрид, па потоа да се реализира трансферот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од Бергамо нема да може да го избегне трансферот и поради претходно даденото ветување до играчот.

Холанѓанецот веќе има постигнато договор со „старата дама“, па сега останува двата клуба да ги договорат последните детали.

Аталанта се согласила да го продаде играчот за врска за 50 милиони евра плус бонуси од 5 милиони евра, но Јувентус ќе мора да почека за реализацијата на трансферот до Супер куп натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…