Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.
25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интерес за Копмајнерс покажува и Јувентус, кој е многу блиску до реализација на трансферот, но сега во трката се вклучи Ливерпул.
„Црвените“ понудил 60 милиони евра плус бонуси, што е за десет милиони повеќе од „старата дама“, па ќе се обидат да го „украдат“ пред носот на Јувентус.
🚨 Liverpool are considering a move for Atalanta midfielder Teun Koopmeiners, after missing out on Martin Zubimendi.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 24, 2024
(Source: @TEAMtalk) pic.twitter.com/QMYvWXTrVZ