Дома Фудбал Лига на шампиони Аталанта домашните натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона нема да ги игра во Милано

Аталанта домашните натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона нема да ги игра во Милано

Италијанскиот прволигаш Аталанта во новата сезона од Лигата на шампионите ќе може да игра на својот стадион во Бергамо.

Аталанта минатата сезона натпреварите од Лигата на шампионите ги играше во Милано, но во меѓувреме нивниот стадион се реновираше и сега ги задоволува стандардите на УЕФА, објавија италијанските медиуми.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Оваа сезона во Лигата на шампионите Аталанта ќе игра во групата Д со Ајакс, Ливерпул и дански Мјитиланд. Клубот од Бергамо воодушеви со атрактивниот фудбал, а првиот натпревар на нивниот стадион би можел да биде вистински спектакл. На Аталанта на 27 октомври во Бергамо и гостува холандски Ајакс кој исто така игра отворен фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

МЛС го суспендираше Меси

Раководството на МЛС-лигата одлучи да ги казни своите најголеми ѕвезди. Лионел Меси и Жорд…