Од Астон Вила во текот на вчерашниот ден го потврдија ангажманот на голманот на Рома, Робин Олсен.
Олсен во Астон Вила пристигнува како позајмен фудбалер и ќе брани до крајот на сезоната. Во првиот дел од сезоната шведскиот интернационалец беше позајмен во Шефилд и за овој клуб одигра 11 натпревари со примени 17 голови. Сега во Бирмингем за место помеѓу стативите ќе се бори со Емилијано Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чекав неколку дена се реализира трансферот, а утрово кога се разбудив и знаев дека ќе потпишам договор бев среќен. Одлуката да дојдам тука не беше тешка. Од првиот момент кога мојот агент ми ја соопшти оваа можност знаев што сакам. Изборот беше лесен. Астон Вила е голем и добро организиран клуб кој ви нуди се што ви треба за да се прикажете во најдобро светло“, изјави Олсен на претставувањето.
Aston Villa is pleased to confirm the signing of Robin Olsen on loan until the end of the season. ✍️
— Aston Villa (@AVFCOfficial) January 18, 2022