Eмилијано Мартинез се најде на мета на жестоки критики поради непримерното однесување по завршувањето на финалето на Светското првенство, а дури се шпекулираше и дека Астон Вила би можела да го продаде во јануари. Но изгледа тој нема да жали премногу затоа што добива одлична понуда.
Во Астон Вила се разочарани поради однесувањето на својот голман, тренерот Емнери веќе го предупреди во јавноста и најави дека ќе разговара со Мартинез кога тој ќе се врати во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одредени медиуми пренесуваат дека Астон Вила веќе има замена за Мартинез и сака да го ангажира Јасин Боно од Севиља кој исто така беше одличен на Мундијалот на голот на Мароко. Мароканецот наводно нема ништо против преминување на „Вила Парк“.
Кога е Мартинез во прашање, „Мирор“ објави дека тој е на мета на Челзи кој бара нов голман откако Менди одби да го продолжи договорот.
„Сините“ сакаат веќе во јануари да ја завршат работата, но спремни и да почекаат до лето.
Сепак, треба да се знае дека интерес за Мартинез покажа и Манчестер Јунајтед, претходно се шпекулираше дека Баерн може да го доведе како замена за Мануел Ноер, меѓутоа таа опција сега не изгледа како реална.