Дома Фудбал Maртинез во вчерашното финале бранел и со скршен прст!

Maртинез во вчерашното финале бранел и со скршен прст!

Извонредната сезона на Астон Вила беше крунисана во средата вечерта со титулата во Лигата на Европа, европскиот трофеј кој дојде по 44 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред почетокот на натпреварот пристигна вест за потенцијалната повреда на Емилијано Мартинез. Лекарите направија сè што е можно и Мартинез беше на голот.

Голманот на Вила проговори за ова по натпреварот.

„При загревањето го скршив прстот“, изјави Мартинез.

„Но, секоја лоша работа носи и нешто добро. Ова го правам целиот свој живот и ќе продолжам со тоа“, додаде тој.

Се ближи и Светското првенство, а Мартинез има голема задача да ја одбрани титулата со Аргентина:

„Дали треба да бидам загрижен? Па, никогаш пред тоа не сум имал скршен прст. Секој пат кога ќе ја фатам топката, прстот оди во друга насока. Но, тоа се работи низ кои треба да се помине. Горд сум што бев на голот за Вила“, заклучи Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се е готово: Клоп ќе биде нов селектор на Германија!

Познатиот германски тренер Јирген Клоп го презема кормилото на националниот тим. Официјалн…