Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио го загубил трпението и на крајот на сезоната сака да ја промени средината, пренесуваат шпанските медиуми.
Асенсио има само еден старт оваа сезона, а непостојаната форма се должи токму на неговата слаба минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Промената на тренерот не го промени статусот на Асенсио, па тој навестил заминување на од Реал Мадрид на крајот на сезоната, иако има договор со „кралевите“ до 2023 година.
Најсилен интерес за 22-годишниот Шпанец во моментов покажува Ливерпул, но сигурно уште многу европски гиганти ќе се вклучат во траката за неговиот потпис.
Сепак, Реал Мадрид нема така лесно да се откаже од својот „бисер“ и за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.
Досега, Асенсио има 23 гола и 13 асистенции на 109 натпревари за Реал во сите натпреварувања.