Бразилецот Артур Мело во Јувентус пристигна во размената со Миралем Пјаниќ кога Босанецот се пресели во Барселона, меѓутоа не ги исполни очекувањата во Торино.
Артур констатно игра под нивото од кое се очекуваше од него, а има и проблеми со повредите, па затоа е ставен на трансфер листата. Според последните информации Артур ќе се врати во Шпанија и тоа во редовите на Севиља.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Планот на Севиља е да го доведе на позајмица и засега не е познато дали ќе има опција за откуп на неговиот договор.
Сезонава под водство на Алегри Артур одигра само пет натпревари, додека вкупно во 18 месеци запиша само 18 настапи. Пред Барселона Бразилецот настапуваше во неговата татковина во редовите на Гремио.