Дома Фудбал Англија Артета ќе потроши над 250 милиони евра, но Арсенал следната сезона ќе изгледа моќно!

Артета ќе потроши над 250 милиони евра, но Арсенал следната сезона ќе изгледа моќно!

Минатата сезона Топџиите од Емирати имаа одлична можност да го изненадат целиот свет и да ја освојат титулата во Премиер лигата.

Ја пропуштија таа можност иако играа навистина добро во поголемиот дел од сезоната и на крајот Манчестер Сити ја освои титулата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, главната цел на тимот на Емирати беше остварена. Секако, тоа беше враќање во Лигата на шампионите, и по долго време на Емирати ќе свири химната на ова натпреварување.

Во Арсенал со скрстени раце, туку градат тим кој ќе биде сериозен конкурент во следната сезона и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Арсенал сака да доведе четворица играчи, а тоа овој клуб би требало да го чини над 250 милиони евра.

Најголема желба на Артета е Деклан Рајс, но две понуди за овој фудбалер веќе се одбиени, а се чека нова понуда.

Наводно, Вест Хем сака 100 милиони евра плус бонуси, а не како што тоа беше денес во понудата што ја испратија од Арсенал.

Исто така, важно е да се истакне дека со Рајс се договорени личните услови и дека играчот сака трансфер. Слично е и со играчот на Челзи, Каи Хаверц.

Имено, со самиот фудбалер се било договорено и му бил понуден договор на пет години. Челзи за него бара 75 милиони евра, додека Топџиите се подготвени да платат 65 милиони евра и двата клуба во моментов преговараат.

Уште еден играч кој Топџиите го посакуваат е младиот играч на Саутемптон, 19-годишниот Ромео Лавија и за него ќе треба да платат 50 милиони евра.

Наводно се подготвени за тоа, а освен него се зборува и дека за Тимбер од Ајакс би можеле да се понудат 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лајпциг ги поставил условите: Еве што треба да исполни Наполи за да го добие Елмас

Наполи веќе ја достави својата официјална понуда до Лајпциг за ангажман на македонскиот ре…