Дома Фудбал Англија Артета: Манчестер Сити е најдобриот тим во Европа

Артета: Манчестер Сити е најдобриот тим во Европа

Пред неделното дерби во Премиер лигата помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, менаџерот на „топџиите“ Микел Артета изјави дека „граѓаните“ во овој момент се најдобар тим во Европа.

Манчестер Сити во овој момент е лидер во Премиер лигата со десет бодови повеќе од Манчестер Јунајтед и Лестер. Освен тоа се пласираа во финалето од Лига Купот каде што го чека Тотенхем, а исто така и понатаму се во игра за освојување на ФА Купот и Лигата на шампионите.

„Според мене тие се најдобриот тим во Европа. Фудбалот кој го играат и серијата победи говорат сами за себе, тоа ги прави најдобра екипа“, изјави Артета.

Сити лошо ја започна сезоната во Премиер лигата, меѓутоа потоа следуваше една фантастична серија со која дојдоа на чекор од нова титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бамфорд: Џани е како мало дете, има девојка исто луда како него

Многу често фудбалерите на Лидс зборуваат за лудориите на Езгјан Алиоски сега на оваа тема…