Дома Фудбал Италија Артета го надмудри Солскјер, Арсенал го освои „Олд Трафорд“?

Артета го надмудри Солскјер, Арсенал го освои „Олд Трафорд“?

Арсенал после подолго време успеа да го победи најголемиот ривал Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (0:1).

Јунајтед продолжи со лошата игра на домашен терен и се уште чека победа на „Олд Трафорд“ оваа сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првото полувреме не видовме големи возбудувања бидејќи двата тима генерално мислеа на одбраната и само спорадично се закануваа.

Ваквата игра продолжи и во второто полувреме, а клучниот момент се случи во 69-та минута кога Погба го фаулира Белерин во казнетиот простор. Судијата покажа на белата точка а сигурен реализатор беше Обамејанг.

Јунајтед до крајот на мечот се обиде да избегне пораз, создаде неколку шанси, но не успеа да го совлада Лено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Беше ѕвезда на Бундеслигата и пред трансфер во Милан – сега не личи на фудбалер! (Фото)

Виктор Бонифејс, во дресот на Баер Леверкузен едно време беше меѓу најдобрите напаѓачи во …